Во Србија и синоќа имаше нереди, судири, палежи и демолирања откако граѓаните во голем број се собраа на протестите под името „Вечерва пукате по шевови“, реагирајќи на инцидентите од претходната ноќ.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во повеќе градови, а во Нови Сад беше демолирана канцеларијата на владејачката Српска напредна партија (СНС). Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата успеала да воспостави ред во Белград и дека на собирите низ Србија биле повредени 42 полицајци. Уапсени се 37 лица.
Превземено: СДК


