Зголемениот број на зајаци во Колорадо со црни испакнатини на главите што личат на рогови, поради што го добија прекарот „зајаци Франкенштајн“, предизвика загриженост во САД.Оваа појава кај зајаците е предизвикана од вирус (Шоуп), кој предизвикува појава на тумори околу главите на зајаците.Според специјализираните веб-страници, вирусот го пренесуваат паразити како што се крлежи и болви, преку каснувања.Вирусот е именуван по професорот на Универзитетот „Рокфелер“, Ричард Е. Шоуп, кој ја открил болеста во 1930-тите.„Зајаците обично се инфицираат во текот на потоплите летни месеци кога инфекцијата се пренесува преку каснувања од инсекти, како што се болви и крлежи“, изјави портпарол на парковите и дивиот свет во Колорадо.



