МВР и РСБСП ја стратуваа заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваат на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделувајки лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со ваков вид на превозни средства.
Целта на кампањата е зголемувањењ и поттик на одговорно однесување и побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.


