Во Грција, од 13 септември ќе стапат на сила нови, значително построги сообраќајни правила Грчките власти го воведуваат најригорозниот закон досега, кој ќе важи не само за локалното население, туку и за сите туристи, вклучувајќи ги и бројните граѓани на Македонија кои секоја година патуваат со автомобил до крајбрежјето.
Планот е да се платат казните пред возачот да ја напушти Грција, со што ќе се спречи исчезнување на милиони евра без никаква компензација секоја година.
Според официјалните податоци, од 2008 година се издадени повеќе од 20.000 казни, а вкупниот износ на неплатени побарувања надминува 2,1 милион евра. Најголемиот дел од оваа сума паѓа на периодот од 2015 до 2024 година, кога се издадени дури 13.504 казни во вредност од 1,2 милиони евра. Само во првите два месеци од оваа година се регистрирани 230 нови казни, со вкупен износ тежок 33.227 евра.
Претходно, регистарските таблички ретко се отстрануваа од возачите кои паркираа непрописно – полицијата најчесто оставаше пораки со казни на стаклото. Сепак, во последниве години, отстранувањето на регистарските таблички стана почесто, а во некои случаи и привремено одземање на возачките дозволи.
Превземено: Скопјеинфо


