Во Штип се затвара фирма која имала милионски приходи во евра повеке години. Вработените во понеделник чекаат плата и ке се собираат пред фабриката

0
112

Елит фешн, некогаш стабилната и  позната тестилна комоанија од Штип   престанува со работа , информираат загрижени  вработени. Во дописот до ТВ Стар, стои.

“Здраво! Еве, пак јас, само сега да ви кажам дека конфекцијата ќе престане со работа. Договорите ни се до крај на Август и потоа по заводот за вработување се додека не се снајдеме со работа. Инаку и плата дали ќе пуштат оти немало средства за исплата. Дали групно да одиме со тужба или поединечно?” прашуваат вработените.

Бидејки пред нив е неизвеснот, работниците веке се договориле.

Планираме во понеделник да се собереме пред фирмата. По документите ние треба на работа да идеме на 18 Август, а имаме известување дека фирмата нема да работе.  Кажаа дека плата нема да пуште и сега ќе видеме .  Ако нема ништо веќе од понеделник ќе се поднесе тужба колективно. Запознати се во трудова и они така кажаа” објаснуваат вработени.

Фирмата Елит фешн во Штип е регистрирана на 1 јануари 2008  како производител на маици и кошули . Сопственик на фирмата е Михаел Антоловик со 50 и Томас Марк Шмид исто така со 50%. Лани формата прикажала приход од 39 милиони но расход имала 41 милион денари, што значи таа работела со загуба.

Милионски приходи фирмата имала и во претходните години но  работела позитивно.