Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 до 15 проценти. Кампањата е во насока подобар финансиски пристап и зашреда на домашнит буџети.
“Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември” велат од Владата.
Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.
“Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала , дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани” стои во одлуката.
Од Владата но и Државниот инспекторат апелираат да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, предуоредуваат надлежните.


