Австриски градоначалник паднал од јаже во провалија и починал на лице место пред очите на партнерката

0
54
Градоначалникот Егидиус Ексенбергер (67) од Шпитал ам Пирн во Горна Австрија ја изгубил рамнотежата на мост од јаже и паднал во провалија. Социјалдемократот паднал во провалијата пред очите на својата 57-годишна партнерка.
Двајцата се искачувале на Насфелд а нивната дестинација била Даумлинг. Но, околу 10 часот наутро, на мостот за искачување се случила катастрофата.
„Во областа на првиот мост од јаже, маж, врзан со виа ферата, ја изгубил рамнотежата во средината на мостот и паднал приближно 15 метри во стрмниот, карпест терен. Потоа се лизнал околу 30 метри подалеку и застанал таму. Претрпел сериозни повреди“, ја опишала полицијата несреќата, како што објавил KronenZeitung .
Шокираниот партнер веднаш го известил докторот од итната помош, кој, за жал, можел само да ја потврди смртта на 67-годишникот.
Превземено: Дневник.хр