Во текот на изминатата ноќ во Црна Гора, пожарникарите, армијата, меѓународните сили и локалното население изгаснаа големи пожари во околината на Подгорица и Тузи, а гаснењето е отежнато од непристапниот терен.
Владата на Црна Гора го прогласи денешниот ден за Ден на жалост поради трагичната смрт на помладиот водник Дејан Божовиќ во битката со огнената стихија.
Три лица на возраст од 19, 25 и 27 години во два одвоени случаи биле уапсени под сомнение дека подметнале два од низата пожари во близина на градот Патра…


