Скопјанец притворен, мавал со камења по хеликоптер кој полнел вода

0
101
Скопјанецот И.А.(55) е лишен од слобода,бидејки мавал со камења на хеликоптер што полнел вода од реката Лепенец.
Настанот се случил вчера попладне кога полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.