Етел Катерхам од Англија со своите 115 години е најстарата жена на светот. Таа на својот последен роденден ги сподели своите совети за долг, исполнет живот, за кои таа тврди дека се прилично едноставни.
„Никогаш не се расправам со никого, ги слушам другите и го правам она што го сакам. -Секогаш кажувај ДА на секоја можност, бидејќи никогаш не знаеш каде може да те однесе. Имањето позитивен став и умереноста во сè е клучот..“ вели Етел
Таа имала две ќерки, има три внуци и пет паравнуци, а своите денови ги поминува во природа слушајќи класична музика.


