Приведен бил возач од кривопаланечко затоа што управувал возило под дејство на алкохол, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, ноќеска во 00:17 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј., на возраст од 22 години.
– При контрола на патниот сообраќај, на улица „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, што го управувал А.Ј. и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.05 промили алкохол во крвта, истакнуваат од МВР.


