Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 август 2025 година, околу 22:30 часот, во селото Макреш, општина Старо Нагоричане. Полицајци од СВР Куманово забележале товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое се наоѓале Т.Ј. (27) и Б.Ј. (46), и двајцата од Куманово.
Од МВР информираат дека лицата одбиле да дозволат контрола на возилото, а кога полициските службеници се обиделе да ги спречат да избегаат, физички ги нападнале. Потоа влегле во возилото и се обиделе да ги прегазат полицајците, поради што било испукано неколку предупредувачки куршуми во воздух.
По преземени мерки, двајцата осомничени биле пронајдени, а возилото со дрвата било обезбедено.
„По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од полицијата.
Превземено: Плусинфо

